Велиновска удри по новинарите „соросоиди“

Од:

Јавната расправа ги подели и пратениците но и новинарите. За Пратениците од власта и а новинарите на МАН, законот со одредени „пеглања“ е прифатлив и неопходен. За опозицијата, и ЗНМ, ваков Закон е опасност поради можноста да се воведе политичка контрола над новинарството.

За Мирка Велиновска, Миленко Неделковски, Драган Павловиќ – Латас и Ивона Талевска, Законот е прогрес во создавање слобода на медиумите. За нив секој кој е против донесување на овој Закон се залага за беззаконие.

Мирка Велиновска побара да се регулира начинот на кој се финансираат медиумите од странски донации, бидејќи, рече Велиновска, има потреба да се стопира влијанието на меѓународната заедница над македонското новинарство.

„Две третини во списокот кои се јавиле тука за збор се дел од клонираната мрежа на соросoиди и одредени групации. Треба и овој сегмент да го регулираме. Како да се говори за слобода на медиумите во однос на платени реклами од одредена политичка групација, а да не може да се изрегулира кој тоа ни го плаќа најмоќното монополско здужение во Македонија, ЗНМ, кое треба да ги застапува првенствено професионлните интереси на новинарите“ рече на јавната расправа Мирка Велиновска.

Во одбрана на Законот и водителот на „Лејт најт шоу“, Миленко Неделковски.

„Македонија сè уште е независна држава и за неа решаваат нејзините граѓани. Не сме колонија, или окупирана територија, во тој правец исклучително навредувачко е за мене како граѓанин и гласач кога сме ставени во ситуација да разговараме, дебатираме за нешто што некој експерт од некаде си кажал за некоја интерпункција или некој дел од законот. Никој од надвор нема легитимитет во оваа држава, не се битни тие комесари во ЕУ“, рече Неделковски.

Главните забелешки на опозицијата и на ЗНМ се дека ќе може да се манипулира во делот на казнените одредби односно не е јасно за што можат да се санкционираат медиумите и дека новата агенција која треба да го замени Советот за радиодифузија ќе се користи како инструмент на власта бидејќи мнозинството од членовите ќе се избира од Собранието и од Заедниците на локалната самоуправа.

По јавната расправа, по одморите следува разгледување на предложените амандмани.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ