Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Од:

Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Северна Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште. 35 – мината авганистански граѓани се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“, информира прес-центарот на Владата.

Службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје. Поддршката од страна на сите институции продолжува да се одвива со утврдената динамика и тоа сѐ до комплетирање на документацијата за траен престој во странска држава која ќе е нивно крајно одредиште, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велика Британија преселува илјадници Авганистанци на своја територија

Иран депортира над 300.000 авганистански мигранти под сомнение дека се израелски шпиони

Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

39 граѓани на Авганистан од Македонија заминаа за Канада

Ана Ололовска

Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

А1он