Руски дипломат: Нема да ја нападнеме Украина доколку не бидеме испровоцирани

Од:

Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоцирано да го стори тоа“.

– Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме, изјави Чижов во интервју за британски „Гардијан“.

Тој истакна дека Русија ќе одговори доколку некаде бидат убиени руски државјани, вклучително и во Донбас.

Чижов изјави дека бројот на руски војници на границата со Украина е еквивалентен на бројот на војници за време на вежбата Запад 21, која беше спроведена во септември минатата година.

– И тогаш никој не кажа ни збор, додаде Чижов.

Рускиот дипломат рече дека верува оти дипломатските напори во последните недели сепак може да резултираат со решение прифатливо за сите страни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски