Шефот на ОН им порача на Русија и Украина дека постои „сериозна загриженост“

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска одвоено разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Гутереш изрази сериозна загриженост кај двајцата министри поради зголемените тензии и ги поздрави тековните дипломатски разговори за да се смират тие тензии, истакна Дижарик.

„Тој уште еднаш го подвлече фактот дека дипломатијата нема алтернатива“.

Според него, Гутереш се уште верува, според сопствената анализа и сопствените надежи, дека нема да има конфликт. Дижарик истакна дека ОН не планираат да евакуираат или префрлаат од Украина ниту еден од своите над 1.600 вработени, од кои 220 се странци, а повеќе од 1.400 се Украинци.

„Генералниот секретар рече дека неговите добри услуги се секогаш достапни… Негова должност и одговорност како генерален секретар е да биде во контакт со сите страни вклучени во оваа актуелна ситуација“, рече Дижарик.

Гутереш нагласил дека е убеден дека нема да има руска инвазија во следните три недели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија