Телефонски разговор Блинкен-Кулеба

Од:

Државниот секретар Ентони Блинкен денеска разговараше телефонски со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, јавија од Стејт департментот.

Во разговорот „државниот секретар забележал дека САД и партнерите остануваат обединети во заложбите за суверенитет и територијален интегритет на Украина, вклучувајќи економска и финансиска стабилност“, истакна портпаролот Нед Прајс.

Блинкен истакнал дека иако непосреден приоритет на САД се напорите за деескалација на ситуацијата, секоја наредна воена агресија од Русија против Украина ќе биде пресретната со брз, координиран и моќен одговор.

Напнатоста меѓу Украина и Русија ескалира со разместените руски сили долж украинската граница кои сега бројат над 100.000, додека САД и западните сојузници го повикаа Путин да одбере дипломатија. Русија стационаира и воени бродови недалеку од брегот на Украина.

Москва засега негира дека има намера за инвазија, но постапките на раководството и огромната воена сила распоредана долж границата кај престолнините на Запад се толкуваат поинаку.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, денеска во разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакнал дека „има шанси за компромис со Западот“ за кризата околу Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски