Потврдена 8-годишната казна затвор за стрелецот Благој Пешиќ кој обљуби 13-годишно девојче на тренинг

Од:

Велешкиот суд на повторено судење ја потврди 8-годишната казна затвор за тренерот по стрелаштво Благој Пешиќ кој обљуби 13-годишно девојче. Мајката на девојчето вели дека чекајќи пресуда, дочекале полнолетство за ќерката.

„На последното судење сама даде исказ за настанот, веќе е полнолетна. Конечно можеме да здивнеме. Пресудата е од 02.02.2022, но ние сега ја добивме’, вели Марија Грбиќ, мајка на обљубеното девојче за „А1он“.

Пресудата се уште не е правосилна и таа не очекува дека тренерот тука ќе запре, повторно има право на жалба, но смета дека каде и да се жали, затворската казна ќе остане.

„Уште една жалба, како што не уверуваат сите што работат на случајот, за него ќе значи само купување време. Апелација, најмногу што може е да го турне предметот во фиока. Нема маж што ќе го ослободи на овие докази што ги имате-буквално со овие зборови ни објаснија правниците по повтореното судење“, вели мајката Грбиќ.

Семејството Грбиќ правда по судовите бара цели пет години во кои велат дека се соочиле со невидени притисоци од луѓе кои го поддржуваат тренерот, имале дури и сограѓани кои ги обвиниле дека пријавата ја направиле од корист. Семејството се сомнева и дека судскиот систем на моменти покажал дека му е наклонет. Случајот го пријавиле во март 2017 година, веднаш откако ќерката исплашена се вратила од тренинг и им кажала дома дека одлучила да престане да тренира. Пешиќ го извршил половиот напад пред почетокот на тренингот, ја допирал и бакнувал по вратот. По пријавата веднаш бил притворен и останал во притвор до март 2018година, кога му биле определени посебни мерки на претпазливост. Судот од Велес, уште по првата пресуда, соопшти дека времето поминато во притвор ќе му биде пресметано во казната.

Додека траеја судењата, неколкупати се организираа протести на кои неговите поддржувачи бараа Пешиќ да биде ослободен и тврдеа дека се работи за местенка од луѓе кои сакаат да го оцрнат семејството.

Благој Пешиќ е татко на поранешната македонска репрезентативка во стрелаштво Дивна Пешиќ, учесничка на две Олимпијади.

Би можело да ве интересира

Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал