Бразилскиот претседател Болсонаро ќе отпатува за Москва

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро планира да денеска да отпатува за Русија, каде в среда ќе има средба со својот руски колега Владимир Путин, јави ДПА.

Посетата, која веќе беше најавена во декември на покана на Путин, е во сенка на предупредувањата на американската влада за можен неизбежен руски напад врз Украина.

В четврток, според планираното, Болсонаро треба да се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Бразилскиот претседател ќе биде придружуван од министри и бизнис претставници. Во среда се очекува да има и средба меѓу министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Бразил.

Според набљудувачите, шефот на државата на најголемата земја во Латинска Америка сака да го искористи патувањето за да покаже дека се уште има партнери во странство.

Со оглед на тајмингот, критичарите во Бразил го нарекоа патувањето „важно“, но „несоодветно“.

„Постои ризик претседателот Болсонаро да даде непромислена изјава што може да има страшни последици“, рече политикологот Маурицио Санторо, пренесува ДПА.

Министерството за надворешни работи во Бразилија објави коминике во кое потсетува на 30 години дипломатски односи со Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија