Париската полиција вчера приведе 97 лица на протестот на „Конвојот на слободата“ против ограничувањата на коронавирусот, што се одржа и покрај забраната од градските власти на поариз, јави ДПА.
Властите денеска на Твитер соопштија дека биле издадени и 513 предупредувања, што подлежат на парични казни.
Противниците на мерките во Франција за намалување на ширењето на коронавирусот повикаа на протест со возила. Тие се противат на построгите правила за лицата кои не се вакцинирани.
Демонстрантите во текот на неделата се собраа од неколку краеви на земјата. Собирот им е инспириран од протестите на камионџиите во Канада, каде што илјадници луѓе веќе две недели го нарушија редот и јавниот живот во главниот град Отова, пренесе ДПА.
Демонстрациите во Париз не добија дозвола од властите да продолжат со протестот.
Полицијата спречи стотици демонстранти да пристигнат на пристапните точки на периферијата на француската престолнина.