Месиќ: Србите го мразат Милошевиќ не затоа што предизвика војни, туку затоа што беше поразен во нив

Од:

Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ вели дека државите кои произлегоа од некогашна Југославија можеа да се осамостојат без војни и крвопролевања, но политиката на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ „беше таа која им предизвика трагедии на несрпските народи“ во регионот.

Месиќ, кој престојува во официјална посета на Приштина, по вчерашната средбата со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изјави дека, како член на Претседателството на тогашна СФР Југославија во периодот пред распадот на таа држава имал големи судири со Милошевиќ, за кого вели дека е виновен за војните и трагедиите на просторите на поранешната заедничка држава.

Според соопштението од кабинетот на Коњуфца, Месиќ изјавил дека во Србија „продолжуваат да го мразат Милошевиќ, но не затоа што ги предизвика сите крвави војни во регионот, туку затоа што во тие војни беше поразен“.

– Југославија можеше да се распадне без војна, меѓутоа шовинистичката политика на Милошевиќ беше таа која им предизвика трагедии на несрпските народи на овие простори. Тој мислеше дека ќе го излаже светот за „српската правдина“, но се излажа себеси и ги излажа Србите. Србите продолжуват да го мразат Милошевиќ, но не затоа што ги предизвика сите крвави војни во регионот, туку затоа што во тие војни беше поразен, изјави Месиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Синот на Милошевиќ: Русите ја научија лекцијата од нашите грешки, ќе победиме во Украина

Катерина Ѓуровски

22 години од демонстрациите кои доведоа до паѓањето на Слободан Милошевиќ

А1он

ВИДЕО: Поддржувачи на Слободан Милошевиќ одбележаа 15 години од неговата смрт

Жарко Настоски

Објавени тајни документи од преговорите во Дејтон: По четири чаши виски, Милошевиќ попушти

А1он

Месиќ: Преспанскиот договор ќе овозможи евроатланска интеграција на Македонија

Наум Локоски

Дванаесет години од смртта на Слободан Милошевиќ – со споменик и улица или без нив?

Ана Ололовска