А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Месиќ: Преспанскиот договор ќе овозможи евроатланска интеграција на Македонија

by А1он29/12/2018 - 11:4529/12/2018 - 14:30266
Share0

Преспанскиот договор би било подобро да беше постигнат порано бидејќи со тоа би се забрзал евроатланскиот пат на Република Македонија, а со тоа и нејзината поизвесна иднина. Меѓутоа одлична вест е дека е постигнат овој договор, кој е можеби најважниот договор по Втората светска војна во Европа, вели поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ во интервју за албанскиот весник „Коха“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во интервјуто, Месиќ истакнува дека Преспанскиот договор сосема сигурно е договор кој ќе овозможи евроатлантска иднина на Македонија и на сите нејзини граѓани.

Во однос на албанскиот политички фактор во Македонија и неговата ангажираност во процесот на евроинтеграциите, Месиќ оценува дека Преспанскиот договор е постигнат со силна заложба, поддршка и содејство на албанскиот политички фактор во земјата.

– Со тоа албанскиот политички фактор покажа државотворност во време на турбуленции во самиот регион и уверен сум дека тоа е позитивно прифатено и оценето и во Македонија, но и во меѓународната заедница. Важно е дека албанската, но и сите етнички заедници во Македонија, својата иднина ја гледаат во полноправното членство прво во НАТО, а потоа и во ЕУ. Тоа е силен мотивирачки фактор за сите граѓани во Македонија, вели Месиќ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Прашан дали се опасни идеите за размена на територии во време кога сите сили се насочени кон евроинтеграцијата на Балканот, Месиќ вели дека идеите за размена на територии и прекројување на границите треба засекогаш да престанат.

– Често истакнувам дека во овој регион во неодамнешното минато се водени четири војни за граници, а ниедна граница не е ниту за милиметар поместена. Мислам дека идеите за промена на границите и размена на територии се надминати и дека архитектурата на границите на овие простори е завршена со прогласувањето на независноста на Косово. Сега имаме свои држави во кои секоја етничка заедница може да живее во својот културен корпус, па така и Албанците кои живеат во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија или некаде на друго место. Имаме Хрвати, кои живеат во Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, кои живеат во своите држави, но живеат и во своите културни корпуси. Така што треба засекогаш да престанат иницијативите за некакви прекројувања или корекции на државните граници. истакнува Месиќ во интервјуто дадена за „Коха“.

hrvatskaimetomesicprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Српски инфлуенсер уапсен во Сплит поради четнички тетоважи: ќе биде протеран од Хрватска

Предраг Петровиќ29/08/2026 - 16:1229/08/2026 - 16:38

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он27/08/2026 - 20:3827/08/2026 - 20:39

Трагедија во Хрватска: Пронајден остатокот од авионот и телата на две лица по драматичната потрага

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 09:2222/08/2026 - 12:31

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 00:5121/08/2026 - 19:09

Хрватска поднесе обвинение за шпионажа против воен пилот и државјанка на Србија

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 00:5021/08/2026 - 22:01

Изгубен е контактот со мал авион во Хрватска, во тек е операциja за пребарување и спасување

А1он21/08/2026 - 19:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео