Управата за јавни приходи денеска го дава на аукција запленетиот имот. Станува збор за движен и недвижен имот што е запленет од фирми што не можеле навреме да го платат данокот.
Некои од понудените предмети се ставени на аукција по првпат, а некои се нудат и повеќе од 30 пати.
Се продаваат станови, автомобили, автобуси, цистерни, апарати, гарнитури, па дури и томограф.
Според огласот, од недвижните работи на аукција се ставени два стана на улица „Kозара“ во Скопје – едниот е со површина од 51 квадратен метар и се нуди со почетна цена од 39.500 евра, а другиот стан има 33 квадрати и е со проценета вредност од 26.000 евра.