Откриено уште едно долгогодишно злоставување деца во католички интернат

Од:

Независна истрага објавена вчера покажа дека речиси 40 години уште една група момчиња во католички интернат во Германија биле редовно изложени на физичко, сексуално и психичко малтретирање.

Главните иследници Клаудија Бундшух и Бетина Јансен во Трир изјавија дека насилството врз учениците во училиштето „Албертинум“ во западен Ајфел почнало во 1949 година и траело се до затворањето на училиштето во 1983 година.

Нивниот извештај се темели на сведоштва на 54 поранешни ученици од интернатот за момчиња. Откриено е дека учениците биле сексуално злоупотребувани од тројца директори на училиштата, кои, исто така, биле свештеници, како и од еден вработен цивил.

Жртвите на насилството опишувале дека биле малтретирани со камшици, влечени за коса и принудени да јадат додека не им се слоши. Сведоштвата за сексуална злоупотреба вклучуваат несакани допири, како и пенетрација. Психолошката злоупотреба се однесува на заплашување, закани и продолжено затворање.

Бискупот од Трир, Стефан Акерман, изјави дека е длабоко засрамен за се што преживеале овие деца и млади луѓе. Тој побара прошка „за болката што им е нанесена во црковната институција“.

-Исправно и важно е оваа темна страна на училиштето „Албертинум“ да стане јавна и сторителите да одговараат, додаде тој.

Истрагата беше отворена во октомври 2019 година и беше спроведена независно од Црквата.

Би можело да ве интересира

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

Починатиот гејмер станува светец

Предраг Петровиќ

Битлочанец силувал лице со трајно душевно заболување и пренесувал во живо на Youtube

Катерина Ѓуровски

Уште една инфлуенсерка го обвини раперот за сексуално злоставување

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад