Одржана четврта средба на експертските групи на македонското и бугарското МНР

Од:

Денеска во Софија се одржа четвртата рунда експертски разговори меѓу тимовите на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, ангажирани во дијалогот по трн. пакет на политички прашања, информираат од македонското МНР.

„Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера. Беа разгледани последните предлози испратени минатата година од страна на Република Северна Македонија во одговор на предлозите на бугарската страна претставени на третиот круг експертски консултации кои се одржаа во септември 2021 година во Скопје. Тимовите на министерствата за надворешни работи го потврдија ангажманот за поддршка на активен дијалог насочен кон изнаоѓање на заемно прифатливи решенија за клучните теми од билатералната политичка агенда.

Одржувањето на денешната средба беше договорено меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска за време на одржувањето на заедничката меѓувладина седница на двете држави од 25 јануари 2022 година. Во духот на напорите за создавање на нова позитивна динамика, заемно беше изразена неопходноста за интензивно продолжување на разговорите за трн. пакет политички прашања“, велат од МНР.

Следниот круг на експертски разговори ќе се одржат во најскоро време во Скопје.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија