Пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, на денешната прес конференција изјави дека признанијата за „Титаник“ ги потврдиле како што тој вели „изборните измами на ВМРО ДПМНЕ“.
„Денеска се потврди целата вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, преку признанија на некогашни високи функционери од оваа партија.
Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“.
Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски.
Злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на пари.
Ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е злостронучко здружение!
Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни а граѓаните едвај преживуваа.
Ова е причината и зошто ВМРО-ДПМНЕ овие денови отвораат теми кои немаат врска со реалноста.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат образ да зборуваат ниту за плати ниту за пензии.
Треба да се извинат и да ги вратат парите, назад кај граѓаните.
Одовде, од пред белиот дворец, симболот на криминалот и коруцпцијата ја упатуваме порака дека правдата излегува на виделина и секој одговара пред законите“, вели Каевски.