Блинкен: Конфронтација со Кина може да се избегне, но САД мора да ги поддржат своите соработници

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека конфронтацијата со Кина „не е неизбежна“, но дека САД мора да ги поддржат сојузниците на кои им се заканува кинеска агресија.

Блинкен тоа го изјави пред состанокот со министрите за надворешни работи на Австралија, Индија и Јапонија, членови на групата Квад (QUAD), основана во средината на 2000 година, за да се спротивстави на зајакнувањето на кинеското влијание во индо-пацифичкиот регион.

На новинарско прашање дали конфликтот со Кина во Индо-Пацификот е неизбежен, Блинкен рече дека „ништо не е неизбежно“.

„Мислам дека ја споделуваме загриженоста дека Кина дејствува поагресивно дома и во регионот во изминатите години, а потенцијално и пошироко“, рече Блинкен.

Неговата посета на регионот има за цел да ги зајакне американските интереси во Азија и неговата намера да се спротивстави на растечката кинеска агресија во регионот. Тој ќе го посети Фиџи и ќе разговара за загриженоста за случувањата околу Северна Кореја со своите јапонски и јужнокорејски колеги на Хаваи. Кинеското Министерство за надворешни работи ги обвини САД дека го користат Квад за да ги принудат другите земји да ги прифатат стандардите на американската демократија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин