Во страотна автобуска несреќа во јужниот дел на Италија загинаа најмалку 36 луѓе, а најмалку 11 се повредени, некои сериозно. Автобусот пред да падне во провалијата удрил во неколку возила, јавуваат медиумите.
Несреќета се случила во близина на градот Авелино, во регионот Кампања, на 160 километри јужно од Рим.
Автобусот погодил неколку возила пред да падне по стрмната падина во близина на градот Авелино, во регионот Кампанија.
Во автобусот се превезувале 50 луѓе, вклучувајќи и деца, назад во Неапол од аџилак, се наведува во извештаите.
Причината за несреќата не е јасна.