Британскиот емисар за Балканот Стјуарт Пич допатува во официјална посета на Косово

Од:

Специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич допатува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

По пристигнувањето во Приштина, Пич замина во Владата на Косово на средба со премиерот Албин Курти, а напладне ќе биде примен и од претседателката на државата, Вјоса Османи.

Британскиот емисар во Приштина допатува од Белград, каде што, како што беше објавено, во текот на дводневната посета со српскиот претседател Александар Вучиќ,со премиерката Ана Брнабиќ и други официјални претставници разговарал за процесот на преговори меѓу Србија и Косово и за состојбите во регионот.

Борис Џонсон го именува високиот воен офицер и поранешен началник на Генералштабот на вооружените сили Сер Стјуарт Пич за специјален пратеник на неговата Влада за Западен Балкан во декември 2021 година.

Во соопштението од британското Министерство за надворешни работи по тој повод се наведува дека назначувањето на Пич е „доказ за континуираната посветеност на Велика Британија за стабилност и напредок во регионот“, а Лондон очекува новиот пратеник да работи со политичките лидери на Западен Балкан, како и со американските и европските сојузници .

Пич е маршал на британските воздухопловни сили, а на почетокот на 2021 година го заврши својот мандат како претседател на Воениот комитет на НАТО.

Пред именувањето на Пич, Британија немаше свој емисар за Западен Балкан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина