Двајца струмичани под истрага, пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Двајцата соизвршители, на 8 февруари, од засега непознати лица, неовластено набавиле наркотична дрога марихуана наменета за продажба. Дрогата, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки на патот Ресен – Битола. Марихуаната ја пронашле полициски службеници од ОВР Ресен кои извршиле преглед на возилото, соопштува Обвинителството.

– Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор спрема осомничените, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да влијаат врз можните сведоци и соучесници или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифати преедлогот на обвинителот и донесе решение со кое определи притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“