Геомагнетната бура сериозно оштети 40 од 49 микросателити поврзани со „СтарЛинк“ (StarLink) во сопственост на „Спејс Икс“ (SpaceX), лансирани во орбитата на Земјата на 3 февруари, поради што тие неконтролирано се спуштаат од орбитата и може да навлезат во атмосферата, соопшти компанијата што е во сопственост на Илон Маск.
Прелиминарните анализи покажуваат дека зголемениот отпор на мали височини ги спречил сателитите да влезат во орбитата, а до 40 сателити повторно ќе влезат или веќе влегле во атмосферата на Земјата, соопшти „СпејсИкс“.
Сателитите што минатата недела беа лансирани беа распоредени во орбита на само 210 километри над Земјата.
Извор: МИА