Град Скопје: Потребна е итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза

Од:

Од Град Скопје велат дека е потребна итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза во општините Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари

„На денешната средба во Координативното тело на градоначалници на Град Скопје, беше дискутирано за енергетската криза и проблемите со кои се соочуваат скопските општини во функционирањето, трошоците за електрична енергија за редовно работење на општините, основните и средните училишта, уличното осветлување кои значително се зголемени некаде и за над 500% особено во општините кои немаат активни договори за снабдување со електрична енергија“, се наведува во соопштението.

„Дел од градоначалниците истакнаа на седницата дека покрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги јадат редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти кои се во интерес на граѓаните“, посочи градоначалничката Арсовска на денешното Координативно тело на градоначалници.

„Истакнато беше дека помалите општини речиси целосно го имаат истрошено делот на редовниот буџет само за сметките за електрична енергија , а најголемиот дел од општините имаат средства за покривање на само уште неколку сметки, по што ќе недостигаат средства за реални проекти за граѓаните.

На Координативното тело на градоначалници се донесе заклучок дека во ситуација кога цените на електричната енергија растат, а одредени дотации кон општините кои доаѓаат од централната власт се дури и намалени, се потешко ќе биде функционирањето на општините, па од тие причини потребна е итна интервенција од страна на Владата и надлежните министерства за решавање на енергетската криза со која се соочуваат општините во Градот Скопје, за што ќе биде побаран и состанок“, велат од Градот.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“