Шолц контра Шредер за Украина: Тој не зборува во име на владата, не работи во неа и не е Влада

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се огради од поранешниот шеф на германската Влада, Герхард Шредер, заради неговите изјави во врска со Украина.

-Шредер не зборува во име на владата, тој не работи за владата и не е влада, подвлече Шолц во интервју за Си-Ен-Ен.

Шолц истакна дека сега е канцелар и дека политичките стратегии на земјата се тие што ги кажува.

Тој нагласи дека води германска политика и порача дека прашањата за ангажманот на Шредер во Русија мора директно да му се постават на неговиот поранешен сопартиец.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Шолц избегна јасно да одговори за санкциите против Русија. Како и при разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден, тој избегна да зборува за гасоводот „Северен тек 2“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Непопуларниот германски канцелар е избран од партијата да се кандидира за втор мандат