Ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците

Од:

Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари. Исполнивме уште едно клучно ветување на СДСМ пред граѓаните, пред работниците. 80.000 граѓани, наши сограѓани ќе земат мартовска плата од најмалку 18.000 денари. Во просек за 45 евра повеќе приход за секој работник во време на енергетска криза рече на прес конференција пратеничката од СДСМ Лидија Тасевска.

– ВМРО-ДПМНЕ како власт со години ја држеше минималната плата замрзната, и до денеска се противи на раст на минималната плата. Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила. Денес Мицкоски лицемерно кажува дека ја поддржуваат минималната плата. Додека неговите економисти јавно се противат на покачувањето на минималната плата. Трајко Славевски и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите.ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците, рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он