Во два дена откриени четири комбиња и пет автобуси без документација за меѓународен превоз

Од:

Четири комбиња и пет автобуси бил фатени викендов дека без дозволи вршат меѓународен превоз на патнци информираат од Министерството за внатрешни работи.

-При контрола на возилата „мерцедес спринтер“, управувано од В.Т.(25) од Струмица, „мерцедес спринтер“, управувано од В.Н.(24) од Струмица, „цитроен“, управувано од С.С.(36) од Струмица и „мерцедес спринтер“, управувано од Г.Г.(32) од Струмица, сите со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, при контрола во автобус со тетовски регистарски ознаки управуван од Г.К.(42) од с.Требош, автобус со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(57) од с.Ливада, струшко, во автобус со кочански регистарски ознаки, управуван од Ф.О.(43) од Струмица и Д.В.(39) од с.Трсино, виничко, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(55) од Тетово и С.А.(48) од Тетово и автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Н.З(28) од Гостивар било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал