Митрески: Декларацијата за Делчев е дневнополитички театар, ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече

Од:

Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски национални херои, чие наследство силно го промовираме.Популистичките игри на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев.Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова му да го направи на македонскиот херој Гоце Делчев. Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација рече на прес конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

– ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто правеше споменици на Ќосето, која на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други од тој дел на историјата тотално спротивни на Делчев и на македонските интереси во тој период. Вакво политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес прави да нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некој други бугарски политичари кои имаат за една цел градење на политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете држави. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат и да ја повлечат нивната т.н. Декларација. СДСМ и коалицијата нема да учествува во нивниот дневнополитички театар на кој единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.И затоа бараме Декларацијата да биде повлечена, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

СДСМ: Пеколот во „Пулс“ го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

СДСМ: Економијата е пред колапс, доцнат плати, дали Буџетот е празен

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија