Во Словенија, 7.458 инфекции со коронавирус се потврдени во последните 24 часа со ПЦР и брзи антигенски тестови, што е значително помалку од пред седум дена, објави словенечкиот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
НИЈЗ проценува дека моментално има 190.596 активни инфекции во земјата, седумдневниот просек на зарази во еден ден е 13.150, а инциденцата на 14 дена е 9040.
Директорот на НИЈЗ, Милан Крек рече дека петтиот бран на епидемијата го достигнал својот врв, но предупреди дека опасноста од повторен раст останува поради позаразната варијанта на омикрон и нејзиниот подтип.
Доколку се појават нови варијанти, бројот на новозаразени повторно би почнал да се зголемува, предупредува тој.
Имунологот Алојз Ихан во неделата рече дека е исто така опасно што оние кои сега се заразени со доминантната варијанта на омикрон се помалку заштитени од оние кои претходно биле заразени со претходните варијанти, бидејќи нивниот имунитет трае многу пократко.
Затоа, дефинитивно е потребно да се зголеми уделот на вакцинирани лица во населението, кој се уште не достигнал 58 отсто од вкупното население, додаде тој.