Цел свет го оплакува момчето: „Храброста на Рајан ќе ни остане во сеќавањата“

Од:

Во вторникот, 1 февруари, петгодишниот Рајан си играл во близина на својот дом во северната мароканска провинција Шефшауен, кога ненадејно паднал во бунар длабок 32 метри.

„Поправав нешто околу бунарот и само за момент го тргнав погледот од момчето. Исчезна за миг“, изјави неговиот татко за медиумите.

Од тогаш до вчера траеше голема спасувачка акција. Спасувачите се обидуваа да стигнат до него и дење и ноќе, што го следеше целиот свет.

Тоа беше деликатна спасувачка операција во која паралелно со бунарот беше ископана шахта, а потоа и хоризонтален тунел за да се стигне до момчето.

Спасувачите успеаја да го извлечат малиот Рајан доцна вчера, но за жал, тој не успеа да преживее, пренесуваат светските агенции.

Неговата смрт потресе милиони луѓе кои ја следеа акцијата за спасување на несреќното момче, а голема тага завладеа низ Мароко.

Родителите на момчето биле видени како одат по хоризонталниот тунел, видно скршени, пред да заминат со возило на брзата помош.

„Почивај во мир ангелу, се надевавме на среќен крај, го обедини цел свет, ова е најлошата вест што можевме да ја слушнеме, не можам да замислам низ што поминуваат неговите родители, храбро се бореше, почивај во мир, ангелу, се само дел од пораките што луѓето ги оставаат.

Мароканскиот крал телефонски им се јавил на родителите на момчето и им изразил сочувство.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Фејсбук напиша: „Вечерва сакам да им кажам на родителите на Рајан и на луѓето во Мароко дека ја споделуваме нивната болка“.

Стотици луѓе дошле на местото на несреќата и со надеж дека момчето ќе преживее, го следеле неговото спасување.

Хафид Ел-Азуз, кој живее во близина, рече дека дошол да покаже солидарност со момчето кое му е драго на Мароко и на целиот свет.

Семејството допрва треба да го објави датумот на погребот, но според муслиманската традиција тој треба да се одржи наскоро.

Оваа трагедија потсетува на слична таква што се случи во 2019 година во Шпанија кога момче кое имаше две години падна во бунар во близина на Малага.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска