Мадагаскар повторно погоден од силно невреме, населението евакуирано

Од:

Невреме со силен ветер го погоди источниот брег на Мадагаскар, а циклонот Батсирај веќе го погоди копното.

Циклонот пристигна на копно синоќа околу 20 часот по локално време, а само еден час подоцна се раселени речиси 27.000 луѓе, покажуваат податоците на државната агенција за справување со катастрофи, кои наведуваат дека имало прекини на струја, уништени куќи и искршени дрвја.

Ова е втора голема бура што го погоди Мадагаскар за помалку од две недели, а метеоролозите предвидуваат налети на ветер до 250 километри на час и бранови високи до 15 метри, јави Би-Би-Си.

Многу жители се евакуирани во засолништа, а локалните власти стравуваат дека лизгањето на земјиштето и поплавите може да остават уште десетици илјади без покрив над главата.

Минатиот месец бурата Ана предизвика голем пустош во Мадагаскар, кога загинаа 55 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар

Шест жртви на циклонот Бацирај во Мадагаскар

Ана Ололовска