СЗО: Посилна соработка со Кина во утврдувањето на потеклото на коронавирусот

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека разговарал со кинескиот премиер Ли Кечијанг за потребата од зајакнување на соработката во одредувањето на потеклото на Ковид-19.

„Мило ми е што се сретнав со премиерот Ли Кечијанг. Разговаравме за Ковид-19 и потребата од поголеми напори за да се направи вакцината подостапна, а пристапот кон имунизација поправеден за да можеме да вакцинираме 70 отсто од светското население оваа година“, напиша Тедрос на Твитер.

Тој наведе дека разговарале и за „потребата од воспоставување посилна соработка во утврдувањето на потеклото на коронавирусот, врз основа на наука и докази“.

Минатата година, СЗО формираше Научна советодавна група со задача да го утврди потеклото на новите патогени и ја повика Кина да обезбеди необработени податоци за да помогне во истрагата, но Кина одби, повикувајќи се на правилата за приватност на пациентите.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски