СДСМ: Арсовска лаже дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат во Карпош и во секоја друга скопска општина

Од:

„Данела Арсовска во својот отчет излажа дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје. Дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени, додека Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи“, соопшти СДСМ.

„Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови.

За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација“, велат од СДСМ.

„По првите три месеци од мандатот јасно е дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.

Граѓаните на Карпош, како и сите скопјани, не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која наместо да ги реализира ветувањата, секојдневно бара оправдување за своето неработење“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски