Олеснети анти-ковид мерките во Косово, укината обврската за три вакцини при влез во земјата

Од:

Владата на Косово вечерва усвои нови, олеснети мерки, за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три вакцини или две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, која стапува во сила утре, на 5 февруари, се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини, додека влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест.

Со новите мерки, меѓу другото, се скратува полицискиот час, односно движењето на граѓаните е дозволено, наместо од 22 како досега, од 24 до пет часот наутро. Исто така, се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30, до 23 часот и се укинува обврската за носење заштитни маски на отворено.

Одлуката да се ублажат мерките, според предлагачот, Комитетот за справување со пандемијата на Ковид-19, е донесена откако последните денови се намали процентот на заразени споредено со бројот на тестирани (од преку 25 пред десетина дена на околу 20 отсто деновиве), но и по наглото зголемување на бројот на лица кои ја совладале болеста. Така, на пример, последните три дена се регистрирани вкупно околу 6.400 новозаболени и речиси седум илјади излекувани. Бројката на активни случаи во Косово, според последните официјални податоци, изнесува 31.084.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина