Притвор и куќен притвор за уапсените на скопскиот аеродром за трговија со прекурсори

Од:

Двете лица кои во текот на вчерашниот ден беа приведени на скопскиот аеродром осомничени за сторено кривично дело „Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” се спроведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. По произнесување на осомничените и јавниот обвинител, судијата донел решенија и на осомничениот Н.К. му определил мерка притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот М.З. му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Како што денеска соопштија од Основен кривичен суд Скопје, решенијата и кај двете лица се донесени заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, можност да ја попречи истрагата и да влијае на сведоци и можност да го повтори делото.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Би можело да ве интересира

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста

Во притвор остануваат шестмината од прилепската болница осомничени за злоупотреби во работата

Горан Наумовски

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација