Миленичиња на дипломати и војската на САД, најпосле го напуштија Кабул и летаат за Ванкувер

Од:

Пет месеци откако Американците го напуштија Авганистан, речиси 300 животни кои останаа во Кабул, најпосле се ставени во изнајмен руски транспортен авион Иљушин-76, кој во неделата полета од Кабул, а денеска ќе слета во Ванкувер, Канада.

Се работи за 156 кучиња и 133 мачиња.

Животните требаше да бидат транспортирани во САД, но тоа не можеше да се реализира, бидејќи Центрите за контрола и превенција на болести го ставија Авганистан на листата на земји со висок ризик, кога станува збор за увоз на кучиња. Па така, Канада стана крајната дестинација.

Голем број американски и други западни дипломати ги оставија своите миленичиња во Авганистан, кога во август, минатата година, го напуштија Кабул, а не можеа да ги земат со себе. За нив во меѓувреме се грижеше организацијата Кабул смол енимал рескју (КСЕР).

Американската војска, исто така, ги остави своите 50 кучиња на аеродромот во Кабул. Официјални лица соопштија дека тие биле ослободени од нивните кафези и предадени на КСЕР. Дел од животните починале, а дел со месеци чекале на аеродромот.

Мисијата за спасување доби и кодно име „Можна мисија“ (Mission possible).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски