(ВИДЕО) Попов: СДСМ не знаат како да се однесуваат кога не можат на градски трошок да јадат по кафеани

Од:

„СДСМ лажат дека во администрацијата на Град Скопје има 109 нови вработувања. Од СДСМ не знаат како да се однесуваат кога не можат на градски трошок да јадат по кафеани разни бифтеци и да пијат скапо виски, па со лаги сакаат да прикажат лажна реалност“, рече Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје.

„Ниту 109 лица се ново вработени во Град Скопје, ниту лицата од СДСМ кои учествуваа во двојно зголемување на администрацијата на Градот Скопје имаат образ истата да ја коментираат.

Шилегов во својот мандат ја дуплираше градската администрација и повеќе места за нови вработувања нема.

Најавените 109 лица во програмата за вработување се за лицата кои веќе работат во администрацијата чии договори се продолжуваат, можност за времено пополнување за време на боледување или пак во случај на пензионирање.

СДСМ изнесува невистини и врши притисок затоа што сака нивните кадри кои вршеле злоупотреби да ги задржат своите функции и работни места. Штом секој ден немаат друга тема за прес конференција и соопштенија освен Град Скопје и сакаат за два месеци мандат да наметнат впечаток за неуспех, очигледен е големиот очај од поразот.

Незадоволството кај граѓаните од тоа што само 5% од ветеното го реализирале за четири години, нема да го покрие ниту една нивна негативна кампања.

Во Град Скопје се работи одговорно и со план, за разлика од времето кога СДСМ управуваше со Градот, кога на сметка на народот се гоштеваа функционери по кафеани, и се исплаќаа суми на тендери двојно поскапи од тоа што треба.

Заврши времето на арамилукот во Градот Скопје“, изјави Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“