Расте бројот на жртви во невремето во Бразил

Од:

Бројот на загинати во свлечиштата и поплавите предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло се зголеми на 24, а пожарникарите ги продолжуваат спасувачките операции.

Најнаселената бразилска држава беше погодена од силен дожд за време на викендот, а стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Поплавите зафатија вкупно 27 градови.

Гувернерот на Сао Паоло Жоао Дорија во неделата со хеликоптер ги обиколи погодените области и најави финансиска помош во износ од 2,8 милиони долари.

Југоисточен Бразил од почетокот на годината го погодија обилни дождови повеќе од вообичаено, а во јануари во поплавите во државата Минас Жераис загинаа 19 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск