ВИДЕО: Документарец на РТС за скопскиот земјотрес што требаше да го направи Македонија

Од:

„Скопје пред половина век-денот кој ја разниша Југославија“ е документрецот кој по поводот 50 години од катастрофалниот земјотрес го подготви РТС.

Одличен новинарски пресек за сите последици кои и се случија на македонската престолнина половина век по земјотресот беше емитуван синоќа на државната српска телевизија. За разлика од нас, ваков проект на 50-годишнината се присети да направи РТС.

Новинарката на РТС Наташа Мијушковиќ и снимателот Горан Копривица во Скопје ги пронајдоа сведоците на катастрофалниот земјотрес кои за прв пат говореа пред камера за тоа што се случуваше на 26. јули, 1963 година.

Пет децении подоцна, за РТС говорат тие кои останаа без семејства. Станислав Петковски кој преживеал благодарејќи на неговиот татко кој го фрлил од третиот кат и Љупчо Попов кој ги изгубил сите блиски.

РТС потсетува дека најпрво помогнаа поблиските градови, по што следуваше една од најголемите и најбрзите акции во историјата.

-Помогнаа 74 земји, и Исток и Запад. Во СФРЈ со години се издвојуваа околу 15 проценти од националниот доход за обнова на Скопје, потсетува РТС.

Новинарката се осврнува и на тоа кој се дошол во Скопје да му помогне на градот, колку е сменета етниката структура и што остана од старото Скопје.

Документарецот можете да го погледнете ОВДЕ!

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје била нападната на работа од нејзин колега

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Земјотрес го стресе Никшиќ

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Нов земјотрес на македонско-српската граница