СДСМ Кратово: Градоначалникот повторно ги излажа кратовчани

Од:

Кратовскиот Градоначалник Мите Андоновски по којзнае кој пат, повторно ги излажа граѓаните на Кратово. Повторно ја покажа својата неспособност да биде „Татко” на градот, велат од СДСМ Кратово.

„Имено, градот изминатата недела беше бомбардиран со флаери и плакати дека во „реновираната кино сала” ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар – филмот – “Трето полувреме”. Истата беше најавена и на официјалниот сајт на Општина Кратово.

– Кратовчани желни за култура во голем број побрзаа и купија карти за најавената проекција, но како и секогаш кога Мите Андоновски најавува нешто, ги дочекаа затворените врати на „реновираната кино сала”.

– Со ова негово најново „ДЕЛО”, Градоначалникот Мите Андоновски повторно го докажа она што ние од ОО на СДСМ од Кратово го долго време го кажуваме, дека е неспособен една проекција да направи како што треба, камоли да го води градот. Затоа и Кратово е последен град во Македонија“, велат од СДСМ Кратово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања