СДСМ: Мицкоски со стари кадри и докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, нема капацитет за промени во оваа партија

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на прес конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Наводните освежувања кои ги најавува Христијан Мицкоски се во суштина стари кадри и веќе докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, некои од нив уште од времето на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат капацитет за промени ниту во партијата ниту во промена на политиките.

На пример, Гордана Димитриеска Кочовска е позната како заменик министерка за финансии во техничката влада, која среде пандемија кочеше изградба на болници за ковид пациенти.

За старите добро познати имиња уште од времето на режимот како десната рака на Миле Јанакиески – Владо Мисајловски кој останува потпретседател.

Во ова друштво е и најголемиот извор на лажни вести, Александар Николоски, кој останува на истатата позиција.

Самото тоа што и во овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Антонијо Милошески, Влатко Ѓорчев, Трајко Славески покажува дека Мицкоски ниту сака, ниту може да ја реформира својата партија.

За дежурните протагонисти на ВМРО – ДПМНЕ уште од времето на Никола Груевски нема потреба воопшто и да се коментира, тие ниту досега не беа „независни“ како што се претставуваа.

Она што граѓаните можат да го приметат е дека освен стари кадровски решенија ИК на ВМР0-ДПМНЕ и денеска не соопшти ниту еден предлог, мерка, решение во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква алтернатива, напротив граѓаните од овој состав на партијата може да очекуваат континуитет на деструктивни политики, лажни вести и со неработење на градоначалниците“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар