ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги соопшти одлуките на Централниот комитет на партијата, кој заседаваше вечерва.

„ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели. Тоа е Тимчо Муцунски, кој е универзитетски професор на Правниот факултет Јустинијан Први, и градоначалник на Општина Аеродром кој издвојуваше убедлива победа уште во првиот круг. Муцунски дел од своето образование го има стекнато во САД и Канада, и беше Заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски беше и пратеник во Собранието на Македонија, како и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Нов потпретседател е и Гордана Димитриевска Кочовска која е магистер по економски науки на УКИМ. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период беше член на Управниот одбори и директор за финансии во АД Електрани на Македонија.

Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. Борци против оваа неправедна власт и сметам дека ова е добар тим кој опфаќа повеќе области, релативно млади луѓе со богато искуство зад себе.

Генерален секретар продолжува да биде Ѓорѓија Сајкоски, доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Неговата задача е организација на партијата и подготовка за предвремените парламентарни избори.

Нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. Тој е прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од 1998 до 2008 година е застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Тој е прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија за периодот 2009-2010 година.

Нова членка на Извршниот комитет е и Маја Кадиевска-Војновиќ поранешна вице гувернерка на Народна Банка на Македонија, таа е магистер по економски науки и предавач на Американ Колеџ. Била дел и од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност како и експерт за анализи за макроекономските текови на државата.

Во овој состав на Извршниот комитет влегува и угледниот доцент доктор Ристо Симеонов. Специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплантација на бубрег кај дете во Македонија. Тој е и Претседател на Здружение на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи.

Нов член на Извршниот комитет е и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше. Инаку наш кандидат и победник на претходните локални избори, но поради условот за цензус се уште не е градоначалник на Маврово Ростуше. Тој е угледен доктор од оваа општина и активист на ВМРО-ДПМНЕ. Хуманист и професионалец во својата област.

Воедно во проширувањето на Извршниот комитет се водеше сметка да се даде шанса и на кадри од партијата кои ќе бидат новата сила која донесе свежина и надоградба на нашата битка за промени.

Нови членови на Извршниот комитет се и пратениците Ели Панова која доаѓа од Струмица и Миле Лефков од Кочани. Двајцата се со завршен правен факултет, доста активни пратеници во овој парламентарен состав и со долгогодишен минат труд во ВМРО-ДПМНЕ.

Нов член на Извршниот комитет е и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од септември минатата година. Тој има завршено Правен факултет „Јустинијан Први“, спцецијализирал и е со повеќе годишно искуство од мас медиуми и корпоративни комуникации, а претходно работел и како советник во владата и беше дел од мојот кабинет како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.
Од вечерва нов член на извршниот комитет е и актерот Зоран Љутков, кој е од Велес каде е и претседател на советот на општината. Работи како актер во Драмскиот театар и има зад себе повеќе препознатливи и успешни телевизиски и театарски улоги и признанија.

Нов член на Извршниот комитет е и Марија Митева, актуелна портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е и секретар за меѓународна соработка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, инаку магистер по деловно право.

Воедно членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните, пратениците со сериозно политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, како и пратеникот Драган Ковачки кој е и полковник во Армијата на Македонија. Членка на Извршниот комитет продолжува да биде пратеничката Рашела Мизрахи, докторката и пратеник Олга Лозановска од Битола.

Во Извршниот комитет останува и професор Трајко Славески кој е и претседател на советот на град Скопје, како и човекот со богато искуство зад себе Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид доктор Кирил Пецаков како и докторот Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.

По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на Унија на жени, Жаклина Пешевска, и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски како и координаторот на пратеничката група Никола Мицески.

Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуелен советник во градот Скопје, а нов шеф на мојот кабинет ќе биде Владимир Нелоски“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески