Формула 1 ќе им наложи на целиот персонал кој работи во боксовите во Формула 1 да мора да биде вакциниран за КОВИД-19, без никакви исклучоци. Наредбата ќе важи за сите кои влегуваат во боксовите – местото каде што се тимовите и возачите во текот на целиот тркачки викенд.
„Формула 1 ќе бара целиот персонал да биде целосно вакциниран и нема да дозволува исклучоци“, велат од Ф1.
Ова правило ќе наложува сите натпреварувачи, членови на медиумите, членови на ФИА, но и ВИП гостите да бидат вакцинирани.
Ова може да значи крај на кариерата на долгогодишниот возач на медицинското возило на Ф1, Алан ван дер Мерве. Јужноафриканецот, кој поради приватни причини реши да не се вакцинира, во 2020 го спаси животот на Роман Грожан по огнениот судир на трката во Бахреин. ФИА засега не коментира.
Новата сезона во Ф1 почнува во Бахреин на 20 март.