Словенија од утре дополнително ќе ја ограничи употребата на ПЦР тестови со нов протокол за тестирање, според кој брзите антигенски тестови ќе бидат доволни за да се потврди инфекцијата со коронавирус, изјави денеска словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.
„Со одлуката да ги признае резултатите од брзите антигенски тестови како доволни за да се потврди инфекцијата, Словенија тргна по стапките на десетина други европски земји“, рече Поклукар, додавајќи дека Германија и Австрија исто така го разгледуваат овој чекор со цел да се олесни работата на лабораториите кои прават ПЦР тестови, јавува словенечката агенција СТА.