Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе 4 кривични пријави против А.Ш.(39), Ѓ.Ш.(36), Е.Ш.(37), С.Ш.(30), И.Ј.(44), М.Р.(21), С.Р.(32), Ф.Р.(37) и С.Р.(32), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за нелегално тргување со отпад, односно за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, известува МВР.

– Осомничените А.Ш., Е.Ш., И.Ј., С.Р. и Ф.Р. во текот на 2019, 2020 и 2021 година откупувале, собирале и складирале секундарни суровини (отпад) и хаварисани возила на повеќе локации во Струмица, кои подоцна ги носеле и ги продавале на лиценцирани правни лица за откуп на секундарни суровини, соопштува МВР.

Парите од изршената продажба правните лице ги уплаќале на сметки на осомничените Ѓ.Ш., С.Ш., М.Р. и С.Р., со што осомничените нелегално тргувале со отпад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР