ВМРО-ДПМНЕ: 90 пратеници во македонското Собрание за функционална демократија и над еден милион евра годишно заштедени пари

Од:

120 пратеници во Собранието е преголем затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија.За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира скоро еден милион евра. За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните. За овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица ги повикуваме сите политички партии на дебата, како и за консултации за поддршка за овие предлози, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги