Пос 82 дена едно е јасно, Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник што го имал Скопје, истакна на денешната прес-конференција, Петар Петковски од СДММ.
-На 82-от ден од мандатот на градоначлничката Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ ова е нејзиниот отчет: Тоалет. Ова е единствениот нејзин проект. А да се извинувам, и една нивелација на шахта. Толку, рече Петковски.
Не успеа ниту да ги врати бројчаниците на семафорите, ветување што го даваше пред граѓаните. Има само партизација и полнење на градските претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа денеска и оставаме поклон една шахта и тоалет, за нејзините менаџерски НЕ-способности, порача Петковски.