Бројот на жртвите од бомбашкиот напад на пазарот во северозападен Пакистан се искачи на 57 лица.
Шиитскиот лидер Хамид Али соопшти денеска дека 167 лица се повредени во вчерашните експлозии во градот Парачинар, кој е седиште на племето Курам, а граничи со Авганистан.
Експлозиите одекнале додека луѓето купувале храна на пазарот. Според очевидци, една од бомбите била поставена на мотоцикл.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Ова е најсмртоносен напад во Пакистан од почетокот на Рамазанскиот пост на 11 јули.
Парачинар, град во кој живее голема шиитска заедница, последниве години беше место на неколку крвави напади, при што глави цели беа локалните шиити, кои од страна на сунитските екстремистички групи се обвинувани дека погрешно го практикуваат исламот и дека се агенти на Иран.