СДСМ: Градоначалникот на Дебарца реализира се што го започна претходниот градоначалник на СДСМ

Од:

Кои се новите дела на градоначалникот Трајкоски во првите сто дена ? Во отчетот спакуван во една фино изработена брошурка, платена со парите на граѓаните не видовме ниту едно дело од оние кои беа ветени во предизборната кампања.

Во своето “турбо “работење, како што милува да каже градоначалникот, видовме само финиширање на неколку започнати проекти од неговиот претходник Г-динот Којчиноски, проекти кои беа почнати или за кој беше аплицирано, а за некои беше завршена и тендерската постапка и обезбедени средства на општинската сметка. Ако некој заборавил да потсетиме на тие проекти:

„Асфалтирање и крпење на ударни дупки во населените места- дали беше случајно или не што првата улица која се асфалтираше беше токму во Ботун, местото од каде потекнува градоначалникот и тоа баш улицата на која се наоѓа семејната куќа на градоначалникот оставаме да процени јавноста и граѓаните на општината;реконструкција на општинскиот пат за село Сливово.

– Проектот беше одобрен од средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој, по поднесена апликација на претходниот градоначалник, доизградбата на 150 метри од водоводот во село Оровник, со која според градоначалникот било решено водоснабдувањето на селото. Го потсетуваме градоначалникот ако не знае или не му кажале, а граѓаните на Оровник тоа добро го знаат дека водоснабдувањето на Оровник го реши неговиот претходник, со целосната реконструкција на водоводот“, велат од СДСМ.

Од СДСМ повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да прекине со манипулациите и велат дека ќе биде неправедно ако не ги набројат и “вистинските дела” на градоначалникот во стоте дена власт.

„Тоа вработување на партиски кадри во општинската администрација. Општината која во изминатите години успешно функционираше со десетина вработени, само во еден месец доби уште толку вработени. Притоа, вработени се лица кои се без работно искуство, исклучиво по партиски, пријателски и роднински критериум.

Ако европскиот просек изнесува 1 вработен на 1000 жители, тогаш нашата општина со околу 5000 жители и 20 вработени во општинската администрација може да се вброи во општини со најголема администрација.Парадоксот да биде уште поголем сите овие лица еден месец беа времено ангажирани за извршување на итни и неодложни работи, само што остана нејасно , а тоа ќе треба пред граѓаните на општината да го објасни градоначалникот кои беа тие итни и неодложни работи!?

Кон овие вработувања треба да се додадат уште двете партиски вработувања во општинското јавно претпријатие, незаконска смена пред истекот на мандатот и прекинување на работниот однос на директорот на општинското јавно претпријатие, Благоја Стојчески“, додаваат од СДСМ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело