Над 16.500 нови инфекции со коронавирус се потврдени во Словенија во последните 24 часа, што е втор најголем број дневни инфекции од почетокот на епидемијата, објавија словенечките медиуми.
Според порталот Siol.net, неофицијално, ПЦР тестирањето потврдило 16.566 случаи, со многу висок процент на позитивни наоди.
Епидемиолошката состојба е многу загрижувачка веќе подолг период. За тоа говори и податокот дека оваа недела над 70 отсто од ПЦР тестовите се позитивни, а седумдневниот просек на новозаболени во еден ден е повеќе од 12 илјади, јавуваат медиумите.