Преговорите за уставната реформа во Бих и натаму без резултат, од Сараево се селат во Неум

Од:

Американските и европските посредници во разговорите за измените на изборниот закон на БиХ денеска ги завршија поединечните средби со претставниците на политичките партии во БиХ, а разговорите од утре треба да продолжат во Неум и да траат до крајот на неделата, иако нема никакви индиции за можен договор.

Учество во продолжението на преговорите потврдија и лидерите на ХДЗ во БиХ, Драган Човиќ, и Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, од чии позиции зависи дали ќе има компромис и договор.

Претставниците на најмалку две опозициски партии од Федерацијата БиХ ја одбија поканата за Неум по различни основи. Претставниците на Социјалдемократската партија на БиХ (СДП БиХ) побараа деблокирање на работата на државните власти од страна на претставниците на Република Српска пред изборната реформа, додека претставниците на Нашата партија (НС) соопштија дека не сакаат да учествуваат во разговорите што ги игнорираат нивните предлози за промени во изборните правила на трагата на граѓанска држава.

-Јасно е дека граѓанската опција на БиХ нема шанси во Неум, така што нема смисла да одиме таму, им кажа на новинарите членот на претседателството на НС, Предраг Којовиќ, по денешната средба со американскиот специјален пратеник Метју Палмер и директорот за надворешни работи на ЕУ, Анџелина Ајхорст.

Елмедин Конаковиќ, лидерот на партијата Народ и правда (НиП), која е во сојуз со СДП и НС, меѓутоа ќе оди во Неум бидејќи сака да види што точно се нуди и кој е ставот на меѓународната заедница.

-Се плашиме од средбите меѓу Човиќ и Изетбеговиќ зад затворени врати, бидејќи тие ни нанесоа многу зло, изјави Конаковиќ.

По вчерашните разговори Изетбеговиќ потврди дека позициите на преговарачките страни не се променети, но очекува дека во Неум може да дојде до напредок „со доза на одговорност“, објаснувајќи дека очекува ХДЗ БиХ да се согласи на преиспитување на блокадите за носење одлуки во темелите на власта, што сега и се на располагање, особено оние во Домот на народите на Парламентот на Федерацијата БиХ.

-Доколку нема договор, изборите ќе бидат според сегашниот закон, рече Изетбеговиќ.

Драган Човиќ не го коментираше досегашниот тек на преговорите, освен што на самиот почеток потврди дека ХДЗ очекува усвојување на решение што ќе обезбеди легитимна застапеност на конститутивните народи во телата на власта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски