Европската агенција за животна средина спроведе истражување за квалитетот на водата за капење во земјите од Европската унија, при што е утврдено дека најчисти се водите во Кипар и Луксембург, а по нив се Малта, Хрватска и Грција.
Дваесет и четири проценти од локациите за капење во Европската унија ги задоволуваат минималните стандарди за квалитет на водата, покажуваат резултатите од овогодишното истражување.
Квалитетот на водата е извонреден на 78 отсто од локациите, а за два отсто е зголемен бројот на локациите кои минимално ги исполнуваат стандардите во споредба со минатата година.
Највисок квалитет на водата е забележан во Кипар и во Луксембург, а кај уште осум земји е забележан квалитет над просекот: Малта (97 отсто), Хрватска (95 отсто), Грција (93 отсто), Германија (88 отсто), Португалија (87 отсто), Италија (85 отсто), Финска (83 отсто) и Шпанија (83 отсто).
Со истражувањето се опфатени 919 места за капење, од кои 912 се на море, а останатите се на реки и езера.
Велика Британија во голема мера ги задоволува условите, но на 36 локации е оценето дека водата е со лош квалитет. Слично е и во Ирска, каде не се препорачува капење на четири локации. Во Франција капење не се препорачува на 74 локации.