48-годишен маж загина во сообраќајка во Ново Лисиче, тешко е повредена неговата ќерка

Од:

48-годишен маж од Стајковци загинал во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се слуќила во населбата Ново Лисиче во близина на центарот „Лиса“, а неговата 15-годишна ќерка е тешко пворедена.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу полноќ во Ново Лисиче, на сервисна улица во близина на трговскиот центар „Лиса“ информираат од Основното Јавно обвинителство.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло“ со кое управувал 48-годишен жител на Стајковци.

Во несреќата, возачот на автомобилот Фолксваген се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на лице место. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот. Возачот на автомобилот Рено се здобил со телесни повреди и откако му била укажана лекарска помош, тој е задржан во полициска станица.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и за вештачење на примероци од крв и урина од возачот на другиот автомобил со цел да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на местото на несреќата преку системот „Безбеден град“.​

Би можело да ве интересира

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Тешка сообраќајка во Велешта, загина 19-годишно момче

Двајца возачи загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Битола

Горан Наумовски

Српски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Фоча

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Грција: Три лица изгореа откако се судрија автомобили и камион

Горан Наумовски