Арсовски: Адвокатско друштво на Калеска-Ванчева од СДСМ земало 55.000 евра од државни институции за три и пол години

Од:

Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирало околу 55.000 евра. Имено, адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска – Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ, инаку претседател на форумот на жени во СДСМ. Исто така како пратеник голем таканаречен борец за правда држава која што гледаме дека не функционира. Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ. Кој е одговорот на пратеничката Снежана Калеска – Ванчева што токму адвокатското друштво каде што е таа основач и содружник до пред да стане пратеник, земало над 55.000 евра од овие институции во текот на овие три и пол години, вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му